Роман Пављученко беше една од најголемите руски фудбалски ѕвезди пред десеттина години, играше и четири сезони за Тотенхем, но милионите што ги заработи ги потроши и сега има големи проблеми во својата земја и тужба за неплатени сметки за струја и вода од 400 евра.
Пављученко со 51 настап за националната селекција и 21 погодок имаше одлична кариера, сега има 39 години и се уште е активен, па игра за рускиот третолигаш Знамја од Ногинск.