На 20 и 21 септември 2025 година, во битолското село Смолево ќе се одржи втората трка од Македонскиот државен шампионат во мотокрос. Настанот, организиран од „Ендуро Тим Водно – Скопје“, ќе ги собере најдобрите македонски мотокрос возачи кои ќе се борат за врвни позиции и нови бодови во генералниот пласман.
Главната трка е закажана за недела, 21 септември, со почеток во 11:00 часот. Очекувањата се дека публиката ќе ужива во динамични и возбудливи надпревари на атрактивната патека во Смолево, која е позната по предизвикувачки терени и одлична атмосфера.

Организаторите најавуваат вистински спортски спектакл и повикуваат љубителите на мотокросот да присуствуваат и да дадат поддршка на возачите.




