Македонско дерби во германската Бундеслига. Се судрија Штутгарт за кој настапува репрезентативниот пикер, Жарко Пешевски и тимот на Хановер за кој настапува репрезентативниот бек Филип Кузмановски.
До голем триумф стигна домашната екипа на Штутгарт која што уште на полувреме создаде услови за поволен резултат и по првите 30 минути беше во предност од 15:9 за домаќините, а крајниот резултат гласеше 31:26. Пешевски во победничкиот тим постигна еден гол, додека Кузмановски за Хановер немаше погодоци, но барем имаше две асистенции до соиграчите.



