Вардар одигра реми на гостувањето против Веспрем 31:31 во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите во ракомет.
Херојот на Вардар е младиот голман Васил Гогов кој влезе во последните 15.минути и со осум одбрани и 57% успешност успеа да донесе реми на нашиот првак во последниот Европски натпревар оваа сезона.