На престижната математичка олимпијада “Коперникус”, која се одржа од 14 до 18 јули на Универзитетот Колумбија во Њујорк, оваа година со златен медал се закити и талентираниот Дарјан Мирчевски, ученик од основното училиште “Јахја Кемал” во Карпош, Скопје.
Дарјан кој има 13 години беше единствениот учесник од Македонија на оваа математичка олимпијада, во конкуренција од 60 финалисти кои доаѓаа од 34 различни држави ширум светот.
Во категоријата за шесто и седмооделенци, според критериумите на Универзитетот “Колумбија”, покрај Дарјан Мирчевски, златен медал освоија и неговите врсници математичари од Јапонија, Казахстан, Британија и Монголија.




