Младинската репрезентација на Македонија (генерација 2004) предводена од селекторот Раде Стојановиќ во Анкара денес ќе го одигра првиот од двата планирани пријателски дуели со Турција.
Ова ќе биде прва проверка на младинците на Македонија кои одиграа летото одлични на Светското првенство во Хрватска.
Првиот дуел денес со Турција ќе биде со почеток од 15:00 часот, додека вториот контролен дуел ќе се одигра на 5 ноември со почеток од 17:00 часот.