Српскиот репрезентативец Младен Крсманчиќ е нов член на Вардар од Скопје.
Искусниот 32-годишен среден бек пристигнува во редовите на македонските вицешампиони каде на местото организатор на играта ќе го замени Јапонецот Јасухира, кој кариерата ќе ја продолжи во Кувајт – пишува порталот “Балкан Хентбол”
Младен Крсманчиќ има завидно меѓународно искуство, а во последните неколку сезони многу успешно настапуваше во дресот на унгарски Чурго.
Роден во Зајечарац, а играше и во шпанска Анаитасуна, потоа во дресовите на Југовиќ, Слога од Пожега.




