Порто славеше важна победа во дербито против Бенфика со 29:28 и остана во трка за титулата во Португалија.
Македонскиот чувар Никола Митревски беше еден од јунаците на Порто кој беше најзаслужен за намалувањето на предноста на Бенфика во финишот на првиот дел после неговото влегување во игра.
Во вториот дел благодарение на одличниот Митревски тимот на Порто го презеде водството, а клучната одбрана нашиот голман ја имаше во финишот кога го одбрани и последниот удар и ја остави победата на неговиот тим.