Македонскиот голман Никола Митревски и неговиот тим Порто во Лигата на шампионите славеа против ГОГ Гудме победа со 32:31.
Гостите од Данска во првото полувреме водеа со 15:21 и се чинеше дека се блиску до триумф. Но, во вториот дел во игра влезе македонскиот репрезентативец Никола Митревски и со 13 одбрани од 24 удари или речиси 57% донесе победа за Порто.