Порто во 9.коло во Лигата на шампионите на домашен терен загуби од францускиот дрим-тим ПСЖ со 33-35.
Македонскиот репрезентативец Никола Митревски беше одличен со 10 одбрани, но ниту тоа не беше доволно за да се совлада силниот тим на ПСЖ кој иако губеше со пет разлика во вториот дел славеше со пресврт.