Пет од пет за РК Алкалоид во Суперлигата. Тимот на Кире Лазаров победи и на гостувањето кај ГРК Тиквеш со 25:31
Најдобар стрелец кај Алкалоид беше Марко Митев со шест погодоци, пред Мартин Серафимов со пет гола. Кај Тиквеш најефикасен беше Ани Обина со седум гола.
Следен суперлигашки предизвик за РК Алкалоид е мечот против РК Струга на домашен терен, додека Тиквеш гостува кај Радовиш.




