Мите Стоилов предводникот на Младост од Богданци почна да го гради костурот на тимот за наредната сезона во Суперлигата.
Така Младост Богданци ги продолжи договорите со најискусните. Тренерот и играч Мите Стоилов продолжува во Младост Богданци и следните две години. На две години продолжуваат и голманот Горан Паунков,левото крило Илија Динов и десниот бек Никола Роглев. Повратникот од Германија Иван Стојчевски се обврза исто така на двегодишен договор. Вчера беа потпишани договори и со неколку млади ракометари од нивната школа.
Договори на две години потпишаа 18-годишниот голман Ристе Пешков, како и пионерскиот репрезентативец Стојанчо Наумовски, кој има само 16 години, средниот бек Ѓорѓе Банцалиски и Саше Михајловиќ.



