Македонија во натпреварот за деветтото место ја совлада Чешка на Светското првенство во ракомет за кадети кое се одржува во Хрватска со конечни 28:22.
Повторно маестрален во составот на Македонија беше средниот бек Мирче Калајџиески со 12. гола и неколку асистенции до соиграчите и сосема заслужено повторно беше избран за МВП на уште еден натпревар. Поддршка имаше од Димевски со 7 гола.