Кадетската репрезентација на Македонија славеше нова победа на Светското првенство во ракомет за кадети кое се одржува во Хрватска.
Момците на Раде Стојановиќ денес беа подобри од репрезентацијата на Австрија со 22:29 си сигурна игра во текот на целиот натпревар.
Мирче Калајџиески беше најдобар поединец во нашиот тим и заслужено беше избран за МВП со 6 гола и уште неколку прекрасни асистенции. Во составот на Македонија исто 6 гола даде и крилото Ненад Белистојаноски.