Македонската таеквондистка, Милијана Рељиќ стана европска клупска шампионка, на европското клупско првенство во Тирана, Албанија.
Во финалето Мила славеше победа над Јулија Шпак од Полска, натпреварувачка која редовно освојува Г1 медали.
Инаку нашата Мила Рељиќ до златниот медал дојде со 4 победи и повторна без загубена рунда.




