Лионел Меси е ден од најдобрите фудбалери на денешницава каде што ги восхитува и импресионира сите љубители на фудбалот со својата игра, вештини, дриблинзи и голови. Аргентинецот е срамежлив, не е наметлив, не се експонира беспотребно во јавноста и е приврзан кон семејството.
И затоа на новинарско прашања што му недостасува на Лионел Меси – тој одговара дека му е потребен мир и анонимност. За да може да оди слободно во кино, на шопинг, во ресторан и на прошетки. На крај дополни дека е среќен со своето семејство и дека тоа е најважната работа во светот.



