Триатлон и пливачкиот клуб 3ДИСЦИПЛИНИ од Струга, докажаа дека пливањето секогаш било и ќе биде еден од водечките спортови во Струга.
Денес на 16 тиот Меѓунадорен ДЕЛФИН КУП во Скопје, во конкуренција од околу 400 натпреварувачи од Македонија,Србија,Албанија,Косово,младите членови од 3ДИСЦИПЛИНИ се изборија рамо до рамо со поискусните пливачи од балканов. Тоа што ми представува огромно задоволство е самиот факт дека се бореа рамо до рамо со пливачи на нивна возраст кои што пливаат активно преку целата година во затворени базени по сите стандарди. И не само тоа ,нашите спортисти успешно им ги заматија плановите во некои категории .
Честитки за сите наши пливачи,за истрајноста и упорноста. Во Еден ден издржаа од 4 сабајле,патовање до Скопје и цел ден трки на базен.
Тија Кукунешоска 50м крал,50м делфин,100 крал,200 крал,100 мешано)
Олса Орани(50м крал,100м краул)
Дамјан Бежаноски(50м крал,100м краул,200 краул ,50м делфин
Драган Тотоски(50м краул,100м краул)
Хади Исмаилоски(50м крал, 50 м делфин,50м прсно,50м грбно)
Стефанија Кутаноска 50м краул
Софија Кутаноска 50м краул
Илија Тодороски 50м краул
Изборивме време за финале на 50крал ,100 крал,100 делфин,50 делфин 200 крал,50 грбно,50 прсно и нашите пливачи завршија во во првите 8 најдобри.
А се закитивме со 3 медали:
Јован Кутаноски освои второ место на 50м делфин и трето место на 50м прсно.
50м грбно,100м краул,50м краул
Виктор Опетчески го освои третото место на 50м делфин .(50м краул,100м краул)
Овие генерации се резултат на работата на децата во изминатите 4 години со нашиот Триатлон и пливачки клуб 3ДИСЦИПЛИНИ ,кој што како единствен пливачки клуб во изминатите 4 години,се насочи кон изучување на здрави навики кај децата . Ова ни дава мотив за уште поголеми наредни успеси,за да продолжиме со работата со децата. Наредна трка за нашите членови ке биде 17април Дуатлон првенство Скопје. – изјави за www.javisejuzna.mk тренерот Никола Кутаноски.