На меѓународниот пливачки митинг „Орион 2025“, што викендов се одржа во Скопје, пливачите од клубот „Три Дисциплини“ остварија исклучително успешен настап, освојувајќи бројни медали и бележејќи значителни лични подобрувања.
На митингот, кој собра пливачи од повеќе држави, најуспешни од клубот беа:
- Девран Куртиш – злато на 50 м делфин и сребро на 100 м грбно
- Бисера Кутаноска – бронза на 50 м делфин и сребро на 50 м прсно
- Јован Кутаноски – бронза на 100 м грбно
- Бона Кукунешоска – две сребра, на 100 м и 50 м прсно
- Мона Кукунешоска – бронза на 100 м прсно
- Матеј Лазороски – сребро на 100 м делфин
- Тија Кукунешоска – бронза на 100 м делфин
Клубот упати честитки и до останатите млади натпреварувачи: Игнатиј Милески, Нарт Домазети, Дон Зиба, Христијан Нически, Керем Куртиш, Петар Шикоски, Дејан Лекоски, Ѓорѓи Цветаноски, Дамјан Цветаноски, Дарија Магдис, Јана Билетина, Јаков Хиохи и Филип Калајџиески, кои иако не се пласираа на подиумот, успешно го претставија клубот.
„Горди сме на сите наши пливачи, особено на оние кои за првпат се натпреваруваа и имаа можност да ја почувствуваат енергијата и возбудата на еден ваков настан. Очекуваме уште подобри резултати на претстојните митинзи,“ велат од ПК „Три Дисциплини“.




