Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски, освои бронзен медал на Медитеранските игри во Таранто.
Битолчанецот во полуфиналето загуби од Шпанецот Марин Ернандес со 4-1 на поени, но со пласманот меѓу најдобрите четворица обезбеди бронза.
Ова е голем успех за македонскиот бокс и уште една потврда за квалитетот на Рустемовски, кој минатата година беше прогласен за најдобар спортист.




