Кадетите на РК Струга го освоија второто место на Фајнл-фор турнирот откако во финалето загубија во драматичен натпревар од домаќинот Мулти Есенс со 31:29.

Филип Мечкароски беше избран за најдобар стрелец на завршниот турнир, додека Бобан Мечкароски беше избран за најдобар десен бек, а Јован Петрески најдобро десно крило во Аll star тимот.
