Maкедонската женска ракометна репрезентација до 17 години во натпреварот за пласман славеше против Турција со 36:25 на EХФ Шампионатот кој се игра во Лињано, Италија. Најефикасни наши ракометарки беа Јанкуловска со 7 и Седлоска со 6 голови. Утре во натпреварот за петтото место ќе играме против Белорусија која претходно го совлада Израел со 37:24.



