Амичитија Цирих, обезбеди опстанок во швајцарскиот шампионат откако го елиминираше составот на Ендинген со три победи. На последниот натпревар, славеа на домашен терен со 29-23.
Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски со 8 од 8 беше најефикасен на овој меч и еден од најзаслужните за победата и опстанокот на својот тим.



