Во првенството на Швајцарија, тимот на Цирих загуби на гости кај Луцерн со 29-26 во првиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот.
Мартин Поповски со 7 погодоци беше најдобар стрелец во тимот на Цирих на овој натпревар, кој за жал неговиот тим го загуби.
Полуфиналето се игра во серија подобар од три, а следниот натпревар се игра на теренот на Цирих.




