Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Хрватска ги очекува нов предизвик, првиот осминафинален натпревар против Нексе во рамки на Лигата на Европа со почеток од 18:45 часот.
Се спремавме за Вардар и добро се подготвивме и ништо помалку не очекувам и за дуелот во Нашице. Спремни ќе бидеме и ќе оставиме срце на терен. Нексе е незгоден ривал, имаат добра транзиција, цврсти се во одбрана, играат на многу голови и тоа се некои работи кои треба да им ги затвориме за на крајот да победиме. – изјави десниот бек Матео Мараш во пресрет на овој натпревар.