Завршени се сите формалности околу трансферот на Марио Манџукиќ во Милан, па клубот објави дека потпишал договор со хрватскиот напаѓач, кој после една година се враќа во Серија А и сега со ,,Росонерите” ќе атакува на титула.
Манџукиќ ќе го носи дресот со бројот 9. Хрватот кој во мај ќе наполни 35 години, во Милан доаѓа од катарски Ал Духаил, а има играно и за Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Волфсбург, Динамо, Загреб и Марсонија. Договорот му е до крајот на сезонава, со опција за продолжување и за следната.