Нашите млади скијачи имаа одлични настапи и постигнаа забележителни резултати на Алпскиот Куп Рашке, кој се одржа на 14 и 15 март во Копаоник, Србија.
На велеслаломската трка во категорија мажи до 16 години, Марин Црвенов го освои 2то место, а веднаш зад него се пласираше Мартин Шикалевски.
Филип Димовски го освои шампионското место на трката во велеслалом за мажи до 14 години, а 3то место му припадна на Никола Буклевски.
Исто така, слаломската трка во категорија мажи до 14 години заврши со 1во место за Никола Буклевски.
Малата Мартина Лазаревска беше најбрза од цицибанките и освои 1во место на велеслаломската трка во женска категорија до 8 години.