Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров е многу блиску до пласман во осминафинале во ЕХФ купот, откако денеска славеа над Еупен во Белгија со 39:46.
Коларовска со 10 и Николовска со 9 голови беа најефикасни ракометарки во составот на Симовски. Реваншот се игра наредниот викенд во Скопје на 19 ноември.