Кадетската репрезентација на Македонија започна со победа на силниот турнир „Шпаркасе Куп“ кој се одржува во германскиот град Мерциг.
Македонија во првото коло славеше против Австрија со 25-23. Ненад Белистојаноски со 9 голови беше најефикасен во нашата репрезентација. Натпреварите на овој турнир се играат по системот (2*25 минути), а утре наши противници се силните Германија и Холандија.