Навивачката еуфорија за големото европско финале меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина достигна врв: сите билети за натпреварот што ќе се одигра во недела (25 мај) во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, со почеток од 20:30 часот, се целосно распродадени.
Од клубот соопштија дека интересот бил огромен, а билетите биле продадени за рекордно кратко време. Натпреварот претставува историски момент за македонскиот клуб, кој ќе се бори за својата прва европска титула.
„Вашата поддршка ни значи многу. Ви благодариме за довербата и љубовта што ја покажувате кон клубот. Ајде заедно, со достоинствено навивање, да го поддржиме РК Алкалоид на патот до европскиот врв,“ велат од клубот.
Трибините во СЦ „Борис Трајковски“во Скопје ќе бидат исполнети до последно место, со силна атмосфера и безрезервна поддршка за македонскиот претставник.
РК Алкалоид оваа сезона имаше импресивен настап на меѓународната сцена, а дуелот со грчкиот гигант АЕК Атина претставува кулминација на нивната успешна европска кампања.




