Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски во наредната сезона ќе игра во Шпанија, поточно ќе го носи дресот на шпанскиот второлигаш ХЛА Аликанте, со кој се обврза на едногодишна соработка.
За Ѓуроски ова претставува своевидно враќање на Пиринејскиот Полуостров, каде што претходно играше за екипите на Хуеска и Мелилја, екипи кои исто така се дел од ЛЕБ Голд лигата.



