Андреј Стојаноски во Гливице, Полска каде се оддржува првото Светско првенство во пливање во кратки базени за глуви имаше одличен настап во дисциплината 100 метри градно. Македонскиот пливач го освои петтото место откако во финалето делницата ја исплива за 1.05:05 со што за 30 стотинки го подобри своето најдобро време.
Денес Андреј ќе плива на 200 слободно, в среда, петок и в сабота на 100, 400 и на 200 метри мешано.