Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ освои бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција, Италија.
Стојановиќ во борбата за бронзениот медал во категоријата над 84 килограми во младинска конкуренција го совлада Николаи Секот од Германија. Тој славеше со 3-2 и тоа со одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поени.




