Македонскиот фудбалер роден 2000 година и член на репрезентацијата за играчи до 21 година, Марко Симуновиќ, го продолжи договорот со белградски Партизан, но до крајот на сезонава десниот бек ќе игра како позајмен за Телеоптик од Земун, клуб кој е филијала на Партизан.
Симуновиќ е роден во Белград и првите фудбалски чекори ги направи во школата на Вардар, Симуновиќ од Партизан беше позајмуван во тимовите на португалски Сетубал и Раковица, а претходно настапуваше за Телеоптик и за У-19 тимот на Партизан.
Фото: Alo.rs