Maкедонските ракометарки Моника Јанеска и Ивана Гакидова и нивниот тим Коњалти загубија во финалето во Купот на Турција 34:30 од Кастамону.
Јованка Радичевиќ беше најефикасна кај победникот со 7 погодоци и беше прогласена за МВП на финалето. Нашите репрезентативки Јанеска и Гакидова одиграа одличен меч и дадоа по 5 гола за својата екипа.