Јуниорите славеа убедлив триумф над Кипар (102:61), и повеќе од доволно да ја освоиме групата и да го чекаме противникот во следната фаза.
Македонската машка селекција за кошаркари „Под 18“ години стигна и до четврттата победа по ред во групата „Ц“ од шампионатот во Скопје.
А максималниот резултат, и развојот на настаните во ова друштво (порази на конкурентите, пред се Украина), и на коло пред крајот, ги промовира нашите млади кошаркари во учесници во четвртфиналната фаза
Македонските јуниори не беа оптоварени со фаворитската улога која ја имаа пред потфрлањето на топката на вчерашниот дуел против селекцијата на Кипар.




