Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе игра натпревар за третото место и шамса за бронзата која би била прв медал на Медитерански игри во колективните спортови за нашата земја.
Ривал на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе им биде репрезентацијата на Србија од 12.30 часот. Натпреварот ќе може да го следите во живо на фејсбук страницата на Македонскиот олимписки комитет.