Машката кадетска репрезентација на Македонија (генерација 2006 и помали) славеше висока победа на последниот натпревар на „Трофеј Карпати“. Тие денес беа подобри од Црна Гора со резултат 20-28 (полувреме 6-19) и го освоија третото место.

Откако во првиот дел со одлична игра нашите кадети водеа со убедливи 6-19 , во вториот дел селекторот Наум Танески шанса за настап им даде на сите репрезентативци кои беа во составот.

Во првите два дена од турнирот загубивме од силниот Египет кој на овој турнир настапи со генерацијата 2004 и вчера во интересен натпревар од домаќинот Романија.
