Машката ракометна репрезентација на Македонија со убедлив триумф ги отвори квалификациите за Европското првенство 2028! Во СЦ „Борис Трајковски“ нашите ракометари го декласираа Луксембург со 41:23 и на најдобар можен начин ја започнаа битката за континенталниот собир.
Македонија уште на полувремето имаше убедливи 20:10, а во вториот дел продолжи да ја зголемува предноста, стигнувајќи до победа со огромни 18 гола разлика.
Никола Костески со шест гола беше најефикасен во македонскиот состав, додека Александар Петковски и Мартин Серафимов постигнаа по пет. Марко Митев и Филип Кузмановски завршија со по четири погодоци.
Сепак, вистинскиот предизвик допрва следува. Македонија во следното коло ќе гостува кај Грција, која утре ќе ги одмери силите со Шведска на гостински терен. Нашите ракометари ќе бараат продолжување на победничкиот ритам и нов важен чекор кон ЕП 2028 во Швајцарија, Шпанија и Португалија.
СТРЕЛЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА:
Никола Костески 6, Александар Петковски 5, Мартин Серафимов 5, Марко Митев 4, Филип Кузмановски 4, Игор Ѓоргиев 3, Дмитро Горига 3, Милан Лазаревски 3, Дамјан Митев 2, Марко Стојковиќ 2, Петар Атанасијевиќ 2, Самоил Ристевски 2.




