Македонската фудбалска репрезентација славеше со 0:1 на гостувањето кај Казахстан, во натпревар од квалификациите за Светското првенство. Единствениот гол на мечот го постигна Александар Трајковски во 33-тата минута.
И покрај неколкуте опасни шанси на домашната селекција, кои вклучуваа и удари во пречка и статива, Македонија успеа да ја сочува предноста и да стигне до вредни три бода.
Со оваа победа, Македонија е лидер на табелата со 8 бодови по четири одиграни средби. Вечерва се игра натпреварот помеѓу Велс и Белгија, кој може да влијае на понатамошниот распоред на врвот. Македонија, исто така, ја продолжи својата серија од 11 официјални меча без пораз.




