Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација ги игра последните два натпревари од квалификациите, против Азебејџан на гости и против Литванија дома. Македонија е втора на табелата во својата група, со две победи (против Азербејџан и Литванија) и два порази од Шпанија.
Нашата селекција на едно коло до крајот може и официјално да слави пласман на ЕП. Мечот со Азербејџан е на 3. април во Баку, додека печат на европската виза ќе бараат против Литванија во СЦ „Борис Трајковски“ на 7. април.
Од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објавија дека бесплатен ќе биде влезот за натпреварот со Литванија, кој ќе стартува од 18.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. Директен пренос ќе има на МРТ.




