Женската репрезентација на Македонија во 2. коло на Европското првенство 2024, ремизираше против Турција 25:25.
Сара Ристовска со 8 гола беше најдобра во нашата репрезентација. Јована Кипријановска и Ивана Џатевска имаа по 4 погодоци на денешниот натпревар. На голот во вториот дел одлична беше Јована Мицевска со неколку одбрани помеѓу кои и два седмерци.




