Првото саботно полуфинале од 16 часот е за македонските одбојкари против Финска. Од 19 во Будимпешта, на завршниот турнир од годинашната Европската сребрена лига, Романија ќе игра со домаќинот Унгарија, репрезентацијата со најслаб рејтинг во ова друштво.Унгарците се 34-ти на листата на ЦЕВ, Македонија е 24-та и ќе игра со најдобриот тим. Финците се 12-та одбојкарска сила на континентот, а повисоко однас е и 17-то рангираната Романија против која остваривме подобар резултат водвомечот од групната фаза.
Унгарија ќе игра пред домашна публика, Романија има најбалансиран состав со 14-мина употребливи одбојкари, реномето на Финска во последната деценија и повеќе е најстабилно, асодржи и осум учества на европските првенства едноподруго, полуфинале во 2007-ма и две осминафиналиња, лани и пред три години, како и учество на Светските првенства во 2014-та и во 2018-та со пласман во вториот мундијалски круг.
Се разбира, и ние имаме адути, во искуството на коректор, техничари и либеро, во младоста на примачите,во добриот центарски тандем на последните две средби по коишто ја задржавме традицијатада не промашиме полуфинале во Евролигата. За разлика од нашиот полуфинален противник Финска, ние одигравме шест средби на патот кон завршниот турнир во Будимпешта,а тие само две по откажувањето на Азербејџан




