Младинската ракометна репрезентација на Македонија повторно одигра нерешено против домаќинот Полска (27-27) на пријателскиот турнир во оваа земја.
Натпреварот започна израмнето, со егал игра до резултат 6-6. Потоа следуваше силна серија на Полјаците, кои успеаја да создадат предност и на полувреме да заминат со водство од 16-11. Сепак, македонските ракометари одговорија одлично во вториот дел, отворајќи со серија од 1-6 и израмнувајќи го резултатот. Македонија потоа дури и поведе со 21-23, но крајот донесе драматична завршница во која противникот успеа да се врати и да избори реми.
И покрај нерешениот исход, ова беше уште еден показател за борбениот дух и карактер на четата на Раде Стојановиќ, кои покажаа дека знаат како да се вратат во игра и да се борат до последниот свиреж.




