Машката кадетска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Норвешка 27:25, во првиот натпревар на Светското првенство во Хрватска.
Калајџиески со 7 гола беше најефикасен во нашата репрезентација, го следеа Митев и Стојановски со 3 погодоци.
Во текот на натпреварот имаше многу чудни судиски одлуки од страна на судиите кои беа на штета на нашата репрезентација, од кои една во самиот финиш на пола минута до крајот која директно влијаеше Македонија да нема напад за реми.