Кадетите на Македонија славеа со 19:23 против Италија и обезбедија прво место во групата и опстанок во А елитата.
Момците на Наум Танески одиграа најдобро кога е најпотребно. Предводник беше голманот Николовски со 18 одбрани со 50% успешност, додека во нападот најдобар беше Дамјан Митев со 6 погодоци.




