Македонската одбојкарска репрезентација вториот турнир во Европската сребрена лига го започна со победа против домаќинот Данска со 3:0 (25:23, 25: 17, 25:21).
Предводник на Македонија на овој меч беше Александар Љафтов со 24 поени а го следеше капитенот Никола Ѓорѓиев со 12.Утре играме дуел со Израел со почеток од 16 часот, додека во последното коло играме со Кипар.Завршниот турнир ќе се игра во Струмица наредниот викенд на петти и шести јуни.



