Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Струмица го совлада Израел со 3:1, по сетови (21:25, 25:22, 25:23 и 31:29) за максимален ефект по првите две кола од групата „А“ во Европската сребрена лига. Никола Ѓоргиев со 22 поена и Ристо Николов со 16 освоени поени беа најдобри во нашиот состав.
Утревечер играме против Данска која исто како и нас има две победи од првите два меча.



