Машката кадетска репрезентација на Македонија е новиот шампион на Светското училишно првенство што се одржа во Скопје!
Во финалниот натпревар, нашите кадети ја совладаа селекцијата на Израел со убедливи 38:32 и сосема заслужено се искачија на врвот. Со одлични настапи низ целиот турнир, македонските ракометари покажаа квалитет, борбеност и вистински тимски дух.
Честитки момци за големиот успех и гордо претставување на Македонија!




