Македонското таеквондо повторно блеска на Балканот!
Христијан Симоновски од ТК „Младост“ стана балкански шампион по освојувањето на златниот медал на престижниот Балкански шампионат во Бугарија. На патот до тронот, Симоновски запиша четири убедливи победи, демонстрирајќи извонредна форма, техника и борбеност.
Овој голем успех доаѓа само еден ден по триумфот на Ведрана Тунески од ТК „Бутел“, која исто така се закити со злато, потврдувајќи дека македонското таеквондо е доминантна сила на Балканот




