Македонскиот интернационалец Андреј Петковски продолжува да се истакнува со своите настапи во полскиот шампионат, потврдувајќи дека е еден од најквалитетните голмани во лигата.
Чуварот на мрежата на Лото Пулави со своите одбрани во текот на сезоната постојано е меѓу најзабележителните поединци, а статистиката го вбројува и во топ пет голмани во Полска. Неговата сигурност, рефлекси и способност да брани седмерци го прават клучен играч во составот.
И на последниот натпревар, Петковски уште еднаш ја потврди својата форма, забележувајќи десет одбрани, меѓу кои и три седмерци, со што спречи поубедлив пораз на својот тим.
И покрај тешката ситуација во која се наоѓа Лото Пулави, настапите на македонскиот голман се позитивен сигнал во пресрет на борбата за опстанок во полската елитна конкуренција, каде неговата улога ќе биде од исклучително значење.




